Францускиот првак Монако е на само една победа од пласман на завршниот турнир во Евролигата откако и вечерва ја растури Барселона, со 92-79.
Пред два дена беше уште поубедлив (97-80), но и денеска можеа „каталонците“ да поминат слично ако Монако играше со ист интензитет до крајот. Кон средината на последната четвртина, предноста на домашниот тим изнесуваше и 21 поен (88-67), но до крајот Барселона успеа да намали нешто и да се избори за пристоен пораз.
Диало и Џејмс беа незадржливи и постигнаа 21, односно 20 поени, додека Паркер постигна 16 поени и 9 скока за Барселона, но во статистичката категорија +/- имаше -12.
Серијата се сели во Блауграна каде треба да се играат претстојните два меча, но ако Монако слави на следниот, во вторник, ќе обезбеди пласман на завршниот турнир, вторпат во својата историја.


