Еден од најдобрите играчи на Барселона, Јан Весели ќе мора да отсуствува меѓу осум и десет недели поради повреда што ја влезе повеќе од еден месец.
Болките веќе станале неиздржливи и Весели ќе мора да преземе мерки, а тие значат долго отсуство од кошаркарските терени. Ако се остварат најлошите прогнози, чешкиот репрезентативец ќе биде надвор од тимот до крајот на основниот дел од Евролигата што ќе биде огромен хендикеп за Барселона.
Ова е уште еден тежок удар за каталонскиот тим кој претходно остана без Николас Лапровитола поради скинати вкрстени лигаменти на десното коло. Аргентинецот нема да се врати до крајот на оваа сезона, па Барса се обидуваше со неколку трансфери да го покрие неговото отсутво, но безуспешно.
Повредата на Весели е лоша вест пред завршницата од Копа дел Реј кој е на програмата идната недела. Барселона едвај успеа да обезбеди пласман на него, а во четврфиналето ќе се сретне со Тенерифе. Во првенството тимот е на 15. позиција и до крајот на сезоната ќе води жестока битка за место во плејофот.


