Репрезентативната пауза му донесе нов проблем на Партизан бидејќи во неа остана без уште еден важен играч во ротацијата.
Станува збор за германскиот репрезентативец Исак Бонга кој се повреди на квалификацискиот меч против Бугарија во неделата и ќе го прескокне утрешниот дуел со Басконија во Евролигата. Се чинеше дека повредата не е сериозна, но по прегледите во клубот стана јасно дека тој нема да биде во можност да игра утре.
„Бонга сигурно нема да биде во тимот утре и против Крка во Словенија, а потоа ќе му биде направена контрола и ќе видиме дали е подготвен“, откри тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ на денешната прес-конференција.
Во тимот нема да биде ни францускиот интернационалец Франк Нтиликина, но тој подолго време не настапува поради повреда.


