Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс доби уште едно огромно признание во својата кариера откако денеска е избран во идеалната петорка на сезоната во Евролигата.
Тој сезонава првпат игра во елитното кошаркарско натпреварување, но и таму продолжи со жетвата на признанија бидејќи претходните две години беше МВП прво на ФИБА Лигата на шампионите, а потоа и на Еврокупот. Наградата е апсолутно заслужена ако се знае дека беше убедливо најдобар играч во тимот на Париз, четири пати беше прогласуван за МВП на колото и еднаш за МВП на месецот, а просечно постигнуваше по 18,8 поени, 7,5 асистенции (најдобар во Евролигата) и остваруваше индекс 23,3.

Покрај Шортс, во идеалната петорка се уште Александар Везенков од Олимпијакос, кој е прв фаворит за играч на сезоната, потоа Најџел Хејс Дејвис од Фенербахче, Кендрик Нан од Панатинаикос и Карен Едвардс од Баерн.
Интересно е тоа што првпат во историјата, во идеалната петорка на Евролигата нема ниеден кошаркарска на центарската позиција.


