Екипата на Олимпијакос со победа против Макаби со 99-93 го заврши основниот дел од сезоната во Евролигата и со тоа го обезбеди првото место пред плејофот.
Тоа ќе биде вторпат во последните три сезони, тимот од Пиреја да влезе како првопласиран во разигрувањето за титулата, но ако се гледа традицијата, ова воопшто не е добра вест за Олимпијакос. Причина за тоа е фактот што откако се игра по овој формат во Евролигата, од сезоната 2016/17, лидерот по основниот дел никогаш не ја освоил титулата на крајот.
Во овој момент Олимпијакос уште не го знае својот противник во четвртфиналето бидејќи конечниот редослед ќе биде познат откако ќе се одиграат натпреварите од плејинот.


