Дербито на вечерта во Евролигата се одигра во Атина каде Панатинаикос го разнесе Реал во репризата на финалето од минатата сезона.
Европскиот првак славеше со 85-70, а Реал доби уште еден доказ дека сезонава е далеку од кремот во европската кошарка и му претстои многу тежок пат до пласман на завршниот турнир. И покрај малите осцилации, ПАО ја имаше контролата над резултатот во текот на сите 40 минути, па дури и кога Реал ќе се доближеше, не постоеше реална опасност да го преземе водството. По овој триумф, Панатинаикос остана на третото место, додека Реал привремено е надвор од плејаут зоната, а шестопласираната Црвена Звезда има две победи повеќе, на шест кола пред крајот на основниот дел од сезоната.
Дебакл вечерва доживеа и Олимпија Милано на домашен терен од Фенербахче со 76-100. Ненад Димитријевиќ на теренот помина 11 минути, без позначаен ефект, постигнувајќи два поена, две асистенции и еден скок.
РЕЗУЛТАТИ
Басконија – Жалгирис 66-65
Баерн – Црвена Звезда 100-82
Олимпија Милано – Фенербахче 76-100
Панатинаикос – Реал 85-70


