По три порази во низа, Партизан успеа да запише победа во Евролигата откако вечерва на домашен терен ја совлада најслабата екипа во оваа конкуренција Алба, со 85-71.
Иако резултат дава впечаток дека „црно-белите“ лесно стигнале до триумфот, тоа воопшто не беше случај бидејќи отпорот на Германците беше скршен дури во последната четвртина. Пред крајот на третиот период Партизан водеше со само три поени разлика (59-56), а во воведните моменти од последниот квартал, домаќините направија 17-4 и отидоа на недостижни 76-60.
Со оваа победа Партизан се задржа на 11. позиција на табелата, на три кола пред крајот на основниот дел од сезоната. Исклучително важен ќе биде следниот меч, против Баерн во Минхен на кој белграѓани немаат голем избор.
Останатите натпревари од денешната програма во Евролигата донесоа голема неизвесност. Монако по продолжение го победи Жалгирис, Баерн славеше во драматичната пресметка со Барселона, лидерот Олимпијакос убедливо загуби на гости кај Асвел, а Ненад Димитријевиќ со шест поени го заврши мечот против Реал во Мадрид.
РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче – Париз 101-100
Монако – Жалгирис 96-86
Барселона – Баерн 101-102
Асвел – Олимпијакос 81-70
Партизан – Алба 85-71
Реал – Олимпија Милано 96-89


