Американскиот интернационалец Стерлинг Браун потпиша нов, двегодишен договор со Партизан.
Тоа попладнево го потврди претседателот на „црно-белите“, Остоја Мијаиловиќ и ги израдува навивачите на Партизан имајќи предвид дека Браун е еден од најдобрите играчи во тимот на Жељко Обрадовиќ.
„Довербата е клуч за се. Многу сум среќен што со Стерлинг потпишавме нов двегодишен договор“, напиша Мијаиловиќ.
Браун дојде во Партизан минатото лето од Алба Берлин и во својата прва сезона во тимот, просечно постигнува по 12 поени, три скока и две асистенции. Има и НБА искуство бидејќи во кариерата настапуваше уште за Милвоки, Хјустон, Далас и Лејкерс.


