Екипата на Партизан ја оствари третата победа во низа и петта во последните шест кола од Евролигата откако вечерва на домашен терен го совлада Париз со 92-86, одмаздувајќи му се за поразот во првиот меѓусебен меч одигран сезонава.
„Црно-белите“ некако успеаја да го смират расположениот гостински тим кој фантастично го отвори мечот и во првата четвртина постигна 34 поени. Пресвртот се случи во вториот период кога проработе одбраната на Партизан, но и застана шутот на Париз, па во следните три четвртини францускиот тим постигна вкупно 52 поена.
На другата страна, проработе шутот на Партизан кој го заврши натпреварот со 14 тројки од 27 шута. Блескаа Карлик Џонс, Исак Бонга и Стерлинг Браун, но изненадување за Париз беше Аријан Лакиќ. Српскиот кошаркар постигна шест поени, но целосно го запре Надир Ифи кој шутираше 1/8 за тројка. Најефикасен кај Париз беше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој постигна 19 поени.
Со оваа победа Партизан дојде до позитивен биланс (12/11) по 23 одиграни кола и е на само една победа од екипите во плејин зоната. Париз има само еден триумф повеќе, но со меч помалку.


