Со оглед на тоа што белградската Арена е универзална и во неа се одржуваат настани од секаков тип, Партизан и Црвена Звезда се соочуваат со големи проблеми при одигрувањето на своите натпревари во овој објект.
Исклучок нема да биде ни претстојната сезона поради Европското првенство во ватерполо, закажано за јануари 2026 година. Цел месец, двата белградски клуба нема да можат да ја користат Арена, па мора да бараат алтернативни решенија.
Од Партизан засега не сакаат да се вратат во Пионир и размислуваат своите натпревари да ги играат надвор од Србија. Во комбинација се Виена, Минхен и Солун, градови до кои од Белград е лесно да се дојде бидејќи има стабилни авио-линии, како и поради тоа што има бројна дијаспора, но сето ова во моментов е во фаза само на разгледување и далеку од реализација.
Јануари традиционално е тежок месец за кошаркарските клубови бидејќи се играат голем број натпревари, па Партизан и Звезда треба да одлучат што ќе прават.


