Навивачите на Панатинаикос многу тешко го доживеаја поразот на нивниот омилен тим од Париз, па својот бес го истурија врз судиската тројка.
По завршувањето на натпреварот, арбитрите едвај го напуштија теренот, во лице им урлаа фановите на ПАО, врз нив беше истурено шише вода, а да не беше обезбедувањето, веројатно ќе летнеше и некоја шлаканица или бокс.
Intense moments in OAKA as referees exit the court 👀 pic.twitter.com/hSd1C0q3nG
— BasketNews (@BasketNews_com) March 28, 2025
И во текот на натпреварот, навивачите, играчите и стручниот штаб на Панатинаикос беа незадоволни од голем број судиски одлуки, но причините за поразот треба да ги бараат во своите редови и во фантастичниот Ти Џеј Шортс.


