Елиминацијата на Барселона од Монако значеше дека земјата која е актуелен европски шампион и која е една од светските кошаркарски велесили, нема да има свој претставник на завршниот турнир од Евролигата.
Тоа се случува првпат по 21 година, односно по 2004 кога Ф4 се одржа во Тел Авив, а на него учестбуваа Макаби, Виртус, ЦСКА и Сиена. Оттогаш неколку пати на завршниот турнир не се пласираа гигантите Реал и Барселона, но тука беа да ги заменат Тау Керамика и Уникаха при што тимот од Виторија еднаш стигна и до финалето (2005 година).
Пласман во Абу Даби, покрај Монако, обезбедија и Олимпијакос и Фенербахче, а последниот учесник ќе се знае по „мајсторката“ меѓу Панатинаикос и Анадолу Ефес.


