Олимпијакос ја задржа предноста на првото место на табелата во Евролигата откако вечерва лесно и убедливо го совлада Партизан со 82-70.
Дури, конечниот резултат не е реален одраз на она што се случуваше на теренот бидејќи гостите не само што во ниеден момент не водеа, туку цело второ полувреме беа на двоцифрена негатива, а на моменти предноста на Олимпијакос изнесуваше и 20 разлика. И во оние малку периоди кога Партизан играше добро и топеше дел од разликата, Олимпијакос враќаше со иста мера и повторно одеше на сигурна преднот.
Везенков со 17 поени беше најефикасен кај Олимпијакос, а исто толку постигна и Карлик Џонс во тимот на Партизан.
На шест кола пред крајот на основниот дел од сезоната во Евролигата, Олимпијакос има предност од две победи во однос на второпласираниот Фенербахче, додека Партизан остана на осмото место со биланс 15/13, колку што имаат и Барселона и Олимпија Милано.
РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес – Виртус 89-68
Асвел – Макаби 95-102
Олимпијакос – Партизан 82-70
Алба – Барселона 85-99


