Веќе три години ЦСКА не игра во Евролигата поради санкциите кон руските клубови по инвазијата врз Украина.
Постојат најави дека од идната сезона ЦСКА и можеби уште некој клуб од Русија ќе се врати во елитното европско кошаркарско натпреварување, а не е исклучено московскиот гигант тоа да го направи со големо име на тренерската позиција. Претседателот на ЦСКА, Андреј Ватутин не крие дека негова најголема желба е деветкратниот освојувач на титулата во Евролигата, Жељко Обрадовиќ.
„Неколку пати разговаравме за тоа тој да биде тренер на ЦСКА, но немаше ништо повеќе од иницијални преговори. Првиот пат беше додека го водеше Панатинаикос, но тој тогаш се чувствуваше одлично таму. Потоа уште еднаш паднавме на таков муабет, беа добри разговори, но без конкретен заклучок. Имаме добра комуникација, можеби некогаш во иднина ќе се договориме“, се надева Ватутин.
Додека ЦСКА беше надвор од Евролигата, тренер на оваа екипа беше и најуспешниот македонски стручњак Емил Рајковиќ.


