Барселона се искачи на шестото место на табелата во Евролигата откако вечерва го победи Партизан со 87-80 во последниот натпревар од 29. коло на елитното кошаркарско натпреварување.
За жал на белграѓани, играч на одлука беше поранешниот капитен на Партизан, Кевин Пантер кој освен што беше најефикасен на мечот со 25 поени, погоди неколку важни кошеви во клучните моменти, кога се решаваше победникот. Во првото полувреме, за само осум минти во игра, постигна 17 поени со пет тројки и беше најзаслужен за пресвртот на Барселона која на полувреме замина со големи 54-41.
Кога Партизан успеа да се доближи и да го направи финишот драматичен, повторно на сцена стапи американскиот интернационалец. Преостанатите осум поени ги постигна во финалните четири минути од натпреварот од кои шест од линијата за слободни фрлања и уште два со шут за водство на Барса од шест разлика.
Партизан со ова пропушти уште една шанса да се зацврсти во плејин зоната, па можеби и да се качи на шестото место, а секако да се израмни со својот градски ривал Црвена Звезда. Следната шанса за тоа ќе ја има во следното коло кога го пречекува Анадолу Ефес, додека Звезда гостува кај лидерот Олимпијакос.
РЕЗУЛТАТИ
Олимпијакос – Панатинаикос 76-74
Баерн – Анадолу Ефес 92-97
Барселона – Партизан 87-80


