По 40 минути спектакуларна кошарка во Монако, шампионот на Франција ја победи Барселона со половина кош (85-84) и вторпат во својата историја обезбеди пласман на завршниот турнир од Евролигата.
Со тоа им се придружи на Фенербахче и Олимпијакос кои минатата недела си ја завршија својата работа, а последниот учесник ќе го дадат Панатинаикос и Анадолу Ефес во „мајсторката“ што се игра вечерва. Барселона имаше свои шанси, но не ги искористи, како многу пати оваа сезона која најверојатно ќе биде тотален дебакл.
KEVIN PUNTER WITH THE CLUTCH THREE FOR THE FINAL FOUR… 🔥 pic.twitter.com/jyXclvAq2Q
— Euroleague Centel (@EuroleagueCT) May 6, 2025
Особено тоа важи за последната четвртина во која благодарение на Фал направи +3, а потоа сето тоа го уништи Кевин Пантер. Прво загуби топка при можност неговата екипа да отиде на пет или шест поени предност, а потоа го промаши и последниот шут. При водство од 85-84, Монако имаше напад на околу 30 секунди пред крајот, не успеа да го искористи, па Барса тргна во акција. Пантер ја заглави топката и мораше да шутира од тешка позиција од која, нормално, не погоди и Монако се израдува на третата победа во серијата.
Во полуфиналето во Абу Даби, Монако ќе игра против Олимпијакос кој беше најдобар по основниот дел од сезоната.


