Македонскиот стручњак Дарко Радуловиќ и претстојната сезона ќе го води полскиот второлигаш Старогард Гдањски.
Некогашниот тренер на Вардар, МЗТ Скопје и Пелистер го презеде овој клуб во февруари годинава, потпишувајќи договор до крајот на сезоната и со можност за продолжување на соработката на уште една година. Со оглед на тоа што двете страни беа задоволни од виденото, немаше пречки Радуловиќ да остане на клупата со тоа што сега ќе може самиот да ја формира екипата и да тргне во атак кон Првата лига на Полска.
Оваа сезона Старогард Гдањски не успеа да се пласира во плејофот од Втората лига, освојувајќи го 11. место на табелата, со два бода помалку од осмопласираниот тим.


