Шпанскиот првак Реал намали на 1-2 во четвртфиналната серија од Евролигата против Панатинаикос откако вечерва славеше на домашен терен со 80-72.
Мадридскиот тим одигра многу подобро во второто полувреме кое го доби 42-28 и со тоа го сврте резултатот откако на голем одмор замина со негатива од шест разлика. Триото Таварес-Хезоња-Муса му ја донесе победата на Реал, постигнувајќи повеќе од половина од поените за својот тим (43). Александар Везенков беше најдобар кај Олимпијакос и воопшто на мечот со 21 поен и 9 скока, но тоа не беше доволно за победа на грчкиот тим.
Четвртиот натпревар од серијата се игра в четврток, повторно на теренот на Реал кој ќе има шанса да израмни на 2-2.


