Најдобриот хрватски кошаркар во моментов Дарио Шариќ речиси сигурно ќе го напушти Денвер Нагетс претстојното лето, но во врска со неговата иднина засега има различни информации.
Пред неколку дена се шпекулираше дека интерес за него покажал Реал Мадрид, но најновите вести, иако неофицијални, велат дека Хрватот го одбил „кралскиот клуб“ бидејќи има други планови. Наводно, тој веќе постигнал договор со амбициозниот проект Дубаи и покрај тоа што клубот идната сезона нема да учествува во Евролигата.
Засега Дубаи учествува само во АБА, натпреварување кое Шариќ го освои со Цибона во 2014 година. Има најави дека клубот од Обединетите Арапски Емирати претстојната сезона ќе биде дел и од Еврокупот, но засега нема официјална потврда за тоа од ниедна страна.
Како една од алтернативите на Реал за истата позиција се спомнуваше Чимези Мету од Барселона, но завчера тој доживеа тешка повреда која ќе го одвои од терените повеќе од половина година.


