На пет месеци пред почетокот на Европското првенство, обложувалниците квотите за освојувачот на титулата на ова натпреварување.
На првото место е Србија за која коефициентот изнесува 4,5, а зад неа се актуелниот светски првак Германија со 5,5, потоа олимпискиот вицешампион Франција со 6 и европскиот шампион од 2017 година Словенија со 10. Бранителот на титулата Шпанија се наоѓа на петтото место со квота 15.
Единствениот проблем е тоа што во моментов никој не знае со какви состави ќе настапат репрезентациите на Европското првенство, а од тоа многу зависи конечниот пласман.


