Екипата на Париз драстично си ги намали шансите за првото место на табелата по основниот дел на сезоната откако на домашен терен доживеа сензационален пораз од Сен Кентан со 86-88.
Од истиот ривал загуби и пред 20-тина дена во Купот на Франција, но тогаш како гостин. Тренерот Тијаго Сплитер толку беше сигурен во победата што му даде поштеда на Ти Џеј Шортс и тоа на крајот се покажа погубно за тимот од Париз.
LE SHOOT DE LA VICTOIRE ??! 😱
— Betclic ELITE (@Betclic_ELITE) March 1, 2025
Fin de match incroyable entre @ParisBasketball et le @SQBB_Officiel 🔥#BetclicELITE | @DAZN_FR pic.twitter.com/tIoTkMiMoc
Во отсуство на Шортс, одговорноста во последниот напад ја презеде Надир Хифи, но тој промаши два шута за тројка од кои едниот заврши во врвот од таблата. Сега Париз е на третата позиција каде ќе остане ако денеска победат Шоле и Монако, а во следното коло гостува токму кај актуелниот шампион.


