Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс одигра уште еден одличен натпревар во Евролигата, ама не успеа да му помогне на Париз да стигне до сензационален пораз на гости кај Реал.
Првакот на Шпанија славеше со 105-104 и од отпишан тим, се најде во ситуација да се бори и за четвртото место на крајот од основниот дел одн сезоната во Евролигата. Париз ја пропушти својата шанса во третата четвртина во која водеше и со 10 поени разлика (75-65). Реал потоа стопи нешто од негативата, а последниот квартал го почна со серија од 10-0 со што го комплетира пресвртот.
Париз успеа да се врати во игра и да израмни на 86-86, но Реал со уште една низа од десет поени отиде на убедлива предност која гостинскиот тим не ја стигна повторно. Конечниот резултат дава лажна слика бидејќи последната тројка Париз ја постигна со истекот на времето и немаше вистинска неизвесност. За Реал ова беше петта победа по ред и со триумф против Партизан во последното коло ќе биде сигурно петтопласиран со можност, ако Монако загуби, да ја освои четвртата позиција и да добие предност на домашен терен во четвртфиналето.
Шортс го заврши натпреварот со дабл дабл од 24 поени и 10 скока, но и со шест загубени топки поради што индексот му беше 23. Париз остана на десеттото место на табелата и најверојатно ќе игра во плејаутот откако Партизан денеска доживеа пораз и ги загуби шансите за топ-10.
РЕЗУЛТАТИ
Монако – Панатинаикос 76-88
Жалгирис – Партизан 70-66
Макаби – Баерн 93-90
Реал – Париз 105-104


