Неполни седум години по формирањето, екипата на Париз го освои првиот трофеј во Купот на Франција.
Вечерва, во финалето од ова натпреварување, тимот од главниот град го совлада Ле Ман со 81-70 и го запиша своето име меѓу најдобрите во Франција. Претходно оваа екипа освојуваше титули во Еврокупот и националниот Лига куп.
Натпреварот помина во апсолутна доминација на Париз кој со исклучок на воведните минути во првата и втората четвртина, постојано беше во водство. Ле Ман во првото полувреме некако се држеше, но во третиот период Париз поведе со +17 и тука стана јасно дека ќе се закити со пехарот.
Надир Хифи беше прогласен за МВП на финалниот меч како резултат на тоа што беше најефикасен во својот тим со 20 поени. Ти Џеј Шортс овојпат не го освои индивидуалното признание, но сепак имаше голем придонес со седум поени, седум асистенции и два скока.


