Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс е прогласен за најкорисен играч на плејинот од Евролигата кој се играше оваа недела.
Тоа е петто вакво признание за него оваа сезона со што се израмни со рекордерот Александар Везенков и уште се наметна како сериозен кандидат за наградата за МВП на сезоната. Американецот со македонски пасош се избори за признанието и покрај тоа што одигра само еден натпревар, против Реал во Мадрид на кој блескаше и е најзаслужен за триумфот на Париз.
Францускиот тим славеше со 81-73, а Шортс го заврши натпреварот со 23 поени и 9 асистенции за индекс 27. Поголем индекс од него имаше само Филип Петрушев (30), но со оглед на тоа што Црвена Звезда беше елиминирана, признанието отиде во рацете на играчот на Париз.


