Поранешниот кошаркар на Партизан, Ален Смаилагиќ ја загуби постапката пред Кошаркарскиот арбитражен трибунал (БАТ) и ќе мора да плати отштета од 300 илјади евра.
Постапките беа причина тој лани да си замине од Партизан и да се пресели во Жалгирис, а во тој период тврдеше дека има лица кои го уценуваат, му се закануваат и му бараат пари за договор кој, како што рече, е ништовен. Се уште не се знае за кои лица се работи бидејќи во јавноста излегоа преку својот адвокат и полномошник Ѓорѓе Симиќ.
БАТ донесе одлука во корист на тужителите со што го обврза Смаилагиќ да плати 166.1979 евра и 60.353 долари, како и трошоците за постапката во износ од 34.500 евра. Заедно со каматите, сумата надминува 300 илјади евра што ќе биде тежок удар за кошаркарот на Жалгирис.
Освен тоа, Смаилагиќ е должен во иднина, заклучно со 2030 година, да го плаќа договорениот надомест. Во образложението на одлуката на БАТ, се отфрлаат наводите на Смаилагиќ дека не знаел што потпишува и слично.


