Иако уште минатата недела ги загуби шансите за пласман во плејофот или плејинот, Партизан денеска пропушти можност конечно да го победи Реал по она фамозно четвртфинале од пред две години и на тој начин да ја заврши сезоната во Евролигата.
Иако водеше речиси цело второ полувреме, на моменти и со 10 разлика, белградскиот тим на крајот загуби со 89-91, а крајот беше најболен што може за навивачите на домашниот тим кои од дното на душата го мразат „кралскиот клуб“. Херој на Реал беше Валтер Таварес кој го постигна кошот за победа со истекот на времето.
GAME WINNER 🤯🤯🤯
— Turkish Airlines EuroLeague Türkiye (@EuroLeagueTUR) April 10, 2025
Real Madrid için kritik maçta sahne Walter Tavares’in! 🔥 pic.twitter.com/hCyTL8vphO
На другата страна, трагичари на Партизан беа Френк Нтиликина и Карлик Џонс иако репрезентативецот на Јужен Судан на две секунди пред крајот израмни на 89-89. Французинот, кој е во очајна форма последните недели, промаши три напади по ред во последната четвртина и му овозможи на Реал од -10 да дојде на еден посед негатива, а Џонс во последната минута прво промаши шут, а потоа ја загуби топката по што Љуљ му донесе предност на гостинскиот тим со 89-87.
И покрај победата, Реал уште не е сигурен учесник во плејофот бидејќи ако утре победат Барселона и Анадолу Ефес, мадридскиот тим ќе го освои седмото место и ќе игра плејин.
РЕЗУЛТАТИ
Баерн – Фенербахче 77-89
Асвел – Монако 78-83
Олимпијакос – Макаби 99-93
Олимпија Милано – Басконија 111-89
Партизан – Реал 89-91
Париз – Акба 72-63


