По триумфот во Суперкупот и Купот на Шпанија, Уникаха го освои третиот трофеј сезонава откако вечерва славеше во финалето од ФИБА Лигата на шампионите.
Во мечот за пехарот, тимот од Малага беше подобар од Галатасарај со 83-67 и ја одбрани титулата во ова натпреварување. Со тоа и ја продожи доминацијата на шпанските екипи во Лигата на шампионите имајќи предвид дека од 2016 година, кога почна да се игра, екипите од оваа пиринејска држава освои шест од вкупно девет трофеи со тоа што по две имаат и Тенерифе и Бургос. Останатите три им припаднаа на АЕК; Втирус и Телеком Бон.
За најкорисен играч во финалето беше прогласен кошаркарот на Уникаха, Тајсон Картер кој постигна 14 поени, пет асистенции и три скока.


