Трет пат во својата историја, а втор во низа, Уникаха Малага е победник на шпанскиот Копа дел Реј.
Како и во 2005 година кога првпат триумфираше, во финалниот меч го совлада Реал, со 93-79, но интересно е тоа што ова е трета победа на Уникаха против „кралскиот клуб“ последната година во куп-натпреварувања. Пред точно една година го совлада во полуфиналето од Купот, во септември триумфираше во финалето од Суперкупот, а сега и во финалниот меч Копа дел Реј.
Победата на Уникаха е апсолутно заслужена ако се знае дека тимот од Малага водеше безмалку цел натпревар, а само еднаш се најде во негатива и тоа во втората четвртина кога Реал поведе со 27-26. Во третиот период Уникаха поведе со 13, а во последната и со 18 поени разлика по што стана јасно дека е блиску до нов триумф.
Реал ја врати неизвесноста на четири минути пред крајот на мечот кога намали на 70-76, но во клучниот напад, Кампацо промаши тројка, а Уникаха потоа постигна девет поени по ред и стави точка на мечот.


