Ненад Димитријевиќ оваа сезона е член на Олимпија Милано, а идната сезона, ако остане во екипата, може да добие друштво во уште еден свој сонародник.
Добро информираниот италијански новинар Лука Далесандро тврди дека најтрофејниот клуб на Апенинскиот полуостров се интересира за Андреј Јакимовски кој претходните пет сезони настапуваше во НЦАА. Додека ги разгледува можностите дали да се пријави на НБА драфтот, Јакимовски е интересен за неколку европски клубови, вклучувајќи ја Олимпија Милано.
Andrej Jakimovski has gained interest of Olimpia Milano
— Luca D'Alessandro (@DAlessandro_LU) April 20, 2025
И минатото лето постоеше интерес од бројни европски клубови за Јакимовски, но тој тогаш одлучи да остане во САД и петта година.


