Екипите на Париз и Олимпија Милано запишаа важни триумфи во 27. коло од Евролигата и тоа против директни ривали за пласман во плејофот.
Плејмејкерот на Париз и член на македонската репрезентација Ти Џеј Шортс повторно одигра главна улога во триумфот на неговиот тим. Париз на домашен терен го победи директниот ривал за пласман во плејофот Баерн со 93-88 и застана на четвртото место на табелата во Евролигата. Шортс на теренот помина нешто повеќе од 27 минути и за тој период постигна 27 поени со 3 скока и 3 асистенции.
Ненад Димитријевиќ немаше толку забележителна улога во тимот на Олимпија Милано, но најважно е дека италијанскиот првак на домашен терен го совлада Монако со 86-80 и остана во игра за пласман во плејофот. Димитријевиќ играше безмалку 12 минути и постигна 4 поени, 4 асистенции и 2 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Црвена Звезда – Жалгирис 80-86
Олимпија Милано – Монако 86-80
Париз – Баерн 93-88
Реал – Барселона 96-91
Макаби – Фенербахче 94-76


