Француската репрезентација ќе има силен адут во борбата за шампионската титула на претстојниот Еуробаскет бидејќи своето присуство го потврдил еден од најдобрите играчи во НБА, Виктор Вембанјама.
Информацијата ја пренесе претседателот на Кошаркарската федерација на Франција, Жан-Пјер Анклер кој имал директна комуникација со кошаркарот на Сан Антонио.
„Разговарав со Виктор пет минути минатата недела и тој ме увери дека ако нема некоја повреда, сигурно ќе игра на Европското првенство“, изјави Анклер.
Вембанјама настапи на Олимписките игри во Париз минатото лето и имаше ефект од 15,8 поени, 9,7 скока и 3,3 асистенции. Со него во тимот, Французите сигурно ќе бидат меѓу фаворитите за златниот медал на Европското првенство, во конкуренција на Србија и Германија.


