Грчкиот вицешампион Олимпијакос ја сочува предноста на врвот на табелата во Евролигата откако вечерва славеше на гостувањето кај Барселона со 90-88.
Херој на тимот од Пиреја беше францускиот репрезентативец Еван Фурние кој го постигна кошот за победа со истекот на времето. Откако ја заглави акцијата и се чинеше дека нема да успее да упати удар, Фурние се ослободи од својот чувар и тргна кон кошот, но свесен дека нема многу време, не положи со класичен двочекор, туку со шут кој повеќе личеше на циркуски.
Canasta ganadora de Fournier al Barça pic.twitter.com/WdD1MML3hC
— Jordi Jimenez (@Jordi10Jimenez) February 7, 2025
Барселона ја пропушти својата шанса во третата четвртина кога водеше со девет разлика, но дозволи Олимпијакос да направи серија од 10-0. Во финишот, „каталонците“ успеаја да се вратат по осум поени негатива, но не го издржаа последниот напад и сега се на деветтата позиција на табелата со биланс 14/12, колку што имаат и Партизан и Олимпија Милано.
Исклучително важна победа забележа Париз кој ја прекина серијата од четири порази на гостински терен и славеше во Болоња против Виртус со 83-77. Ти Џеј Шортс повторно беше еден од најдобрите на натпреварот, со 16 поени, 6 асистенции и 4 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Монако – Партизан 69-86
Барселона – Олимпијакос 88-90
Басконија – Макаби 89-82
Виртус – Париз 77-83


