Навивачите на Црвена Звезда често се шегуваат на сметка на тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ и промената на бојата на неговото лице кога ќе се изнервира.
Тоа се случи и вечерва, трофејниот стручњак поцрвене покрај аут-линијата во моментите кога неговиот тим направи пресврт и се доближуваше до победата, но сега ситуацијата беше нешто поразлична. За разлика од порано, кога лицето му црвенееше од нервоза, вечерва беше во тотален делириум.
🥵 Don Zeljko Obradovic.
— Gigantes del Basket (@GIGANTESbasket) January 22, 2025
pic.twitter.com/DEpfZLg9ED
Дури и играчите на клупата беа изненадени од реакцијата на Обрадовиќ кој тотално се изгуби и со крик ја прослави третата победа по ред на Партизан.


