Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид денеска се прости од југословенската кошаркарска легенда Дражен Далипагиќ кој почина вчера, на 73-годишна возраст.
Пред почетокот на денешниот натпревар против Ла Коруња, на легендарниот кошаркар му беше оддадена последна почест, со едноминутно молчење.
Madrid honours the memory of Dražen Dalipagićpic.twitter.com/l5G1CZMIIp
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) January 26, 2025
Далипагиќ беше член на Реал една сезона (1982/83), а иако со него не освои ниеден трофеј, остана во пријатно сеќавање на сите навивачи.


