Непосредно пред завршувањето на првото полувреме од големото грчко дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос, дојде до тензија на клупата на тимот од Пиреја.
Сосема изненадувачки, во главна улога беа тренерот Јоргос Барцокас и еден од најискусните во тимот Костас Папаниколау. Барцокас прво викаше по Ларенѕакис, но потоа се сврте и кон Папаниколау, кој не му остана должен и двајцата продолжија да урлаат еден на друг.
😡🇬🇷 La tensión entre Bartzokas y Papanikolau durante un tiempo muerto en el derbi griego
— Gigantes del Basket (@GIGANTESbasket) January 20, 2025
pic.twitter.com/FVUiPVsAHO
Страстите не се ни смирија бидејќи тренерот на Олимпијакос нервозен седна на клупата, а Папаниколау замина на теренот.


