По неколкугодишни најави, Суперкупот од ВТБ лигата оваа година најверојатно ќе се одржи во Белград.
Такво нешто за руските медиуми откри првиот човек на тренерската организација на Евролига, Горан Шашиќ. Српските клубови неколку пати учествуваа во Суперкупот, но сега најдобрите екипи од Русија најверојатно ќе допатуваат во српската престолнина.
„Тоа е одлука која треба да ја донесе ВТБ лигата, а јас можам да кажам само дека Белград е подготвен да биде домаќин на таков настан. Веќе постојат разговори меѓу ВТБ лигата и Белград така што голема е веројатноста тоа да се случи годинава“, рече Шашиќ.
Кога почна војната во Украина, постоеја најави и дека Црвена Звезда и Партизан ќе се приклучат кон ВТБ лигата, но до такво нешто не дојде.


