Грчкиот стручњак Јанис Сферопулос го подобри својот биланс во дуелите против Партизан, сметајќи ги сите натпреварувања, по вечерашниот триумф во второто евролигашко дерби.
Под негово водство, Црвена Звезда има предност од 10-3 во пресметките со својот најголем ривал. Сферопулос беше назначен за тренер на Звезда на 22 октомври 2023 година, Партизан славеше во првите два дерби дуела, одиграни на 26 и 30 октомври истата година, но почна доминацијата на Гркот. Тој победи на следните осум меча, Партизан во ноември 2024 ја прекина таа серија со триумфот од 89-77, но Звезда со Сферопулос славеше на последните две пресметки. Минатата сезона Звезда победи со 3-0 во финалето од АБА и со 2-0 во финалето од српскиот шампионат.
И кога станува збор за титулите, Звезда со Сферопулос е значително поуспешна бидејќи минатата сезона ја освои тројната круна. Најверојатно следниот дуел меѓу белградските ривали ќе се одигра за две недели, во финалето од Купот на Србија, ако нема некои изненадувања на турнирот што ќе се одржи во Ниш.


