Со денешните три натпревари, официјално заврши основниот дел од сезоната во Евролигата., една од најинтересните и најизрамнети кампањи во историјата на ова натпреварување.
Трите меча што се играа денеска беа крајно драматични и неизвесни до самиот крај. На Панатинаикос му беа потребни дополнителни пет минути да ја победи Црвена Звезда со 111-104 и покрај тоа што мечот немаше никакво резултатско значење за грчкиот тим. Губитник е Звезда која во последните три кола одигра три тесни и неизвесни натпревари и ги загуби сите три, па се најде на десеттото место на табелата што значи дека ќе има многу тешка задача да стигне до плејофот.

Барселона и Анадолу Ефес остварија тешки победи во своите дуели, а тоа не му беше од помош на Реал Мадрид кој чекаше кикс на барем еден од нив. Изненадување не се случи, па 11-кратниот европски првак ќе мора преку плејин да брка пласман во плејофот. Во првата рунда ќе се сретне со Париз на Ти Џеј Шортс и ако победи, во четвртфиналето ќе игра против Фенербахче, а ако загуби, ќе има шанса за поправен против подобриот од мечот меѓу Баерн и Црвена Звезда.

Вечерва се познати две двојки за четвртфиналето од плејофот, Панатинаикос ќе се сретне со Анадолу Ефес, а Монако со Барселона.
РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес – Жалгирис 87-77
Панатинаикос – Црвена Звезда 111-104
Барселона – Виртус 91-87


