Поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Дарко Радуловиќ од денеска има нов предизвик во странство откако официјално доби ангажман во Полска.
Тој потпиша договор со тамошниот второлигаш Старогард Гдањски кој ќе го води до крајот на сезоната, со можност да остане и идната. Тоа ќе биде нова епизода во странство во неговата кариера откако во првиот дел од сезоната работеше во косовскиот Башкими, а претходно и во унгарскиот шампионат.
Радуловиќ е еден од ретките активни македонски стручњаци со титула во домашното првенство, освоена како тренер на МЗТ Скопје во 2021 година. Исто така, припаѓа во малата група кошаркарски личности во земјава кои имаат шампионски трофеј и како играч и како тренер.


