Ветеранот на Реал, Серхио Љуљ од денеска е играч со најмногу одиграни натпревари во Евролигата.
Дуелот против Баерн, на кој мадридскиот тим славеше со 88-76, за Љуљ беше 426 во елитното европско натпреварување со што го надмина Кајл Хајнс. Со него една недела го држеше рекордот, а отсега е осамен на првото место и ќе има можност до крајот на оваа сезона дополнително да го подобри своето достигнување.
✨ HISTORIA QUE TÚ HICISTE. HISTORIA POR HACER.
— Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) January 3, 2025
🎩 @23Llull#EuroLeague pic.twitter.com/upUo2d4KDB
Од активните играчи во топ-5 е само уште Костас Слукас со 406 одиграни натпревари и тој има можност до крајот на оваа сезона евентуално да го достигне Хајнс.


