Најдобриот играч на Панатинаикос, Костас Слукас го пропушти денешниот тренинг, на два дена пред дуелот против Партизан, во 20. коло од Евролигата.
Капитенот на актуелниот европски шампион почувствувал болки во листот за време на натпреварот против ПАОК во рамките на домашното првенство, па поради тоа не играше на тој меч, а денеска и не тренираше. Докторите не се сигурни во врска со неговата состојба и тој во моментов е неизвесен за мечот против Партизан кој се игра в четврток во ОАКА.
На тој натпревар ќе го нема и поранешниот играч на „црно-белите“ Матијас Лесор кој неодамна доживеа тешка повреда и ќе го нема на терените најмалку до средината на април.


