Турскиот прволигаш Каршијака се најде во огромни финансиски проблеми поради што му се заканува тотален распад и колапс.
Секојдневно од клубот стигнуваат информации за заминување на важни членови од управата и стручниот штаб, а кулминација е денешната оставка на тренерот Уфук Сариџа кој ја предводеше екипата од 2019 година. Покрај Сариџа, вчера си отидоа и петмина кошаркари: Ерик Мекалум, Дејмијан Џеферсон, Џејмс Веб, Џери Бусиел и Кенан Сипахи.
„Им благодарам на играчите за енергијата што ја дадоа за екипата. Жалам што мморам да кажам дека клубот се наоѓа во тешка ситуација, а јас поднесувам оставка од тренерската функција која ја извршував со голема гордост претходните пет години. Одлуката ја донесов по консултација со клупскиот менаџмент“, изјави Сариџа по вечерашниот натпревар против Промитеас во рамките на плејинот од Лигата на шампионите на ФИБА.
На македонската кошаркарска јавност, Каршијака ѝ е позната по тоа што една сезона од својата кариера (1999/2000), таму помина поранешниот репрезентативец Врбица Стефанов.


