Финскиот клуб Лахти оствари историски резултат синоќа на дуелот против Оулу, во рамките на 13. коло од тамошната Втора лига.
Лидерот на табелата и единствен непоразен тим во таа конкуренција славеше со 201-54 што е рекорд по повеќе параметри. Лахти е прв фински тим кој ја минал границата од 200 поени на еден натпревар, а победата од 147 разлика е највисока во историјата на кошарката во оваа земја. Интересно е тоа што само во првата четвртина тимот не постигна 50+ поени.
2️⃣0️⃣1️⃣ on paljon pisteitä ja se on kaikkien aikojen divarin piste-ennätys
— Lahti Basketball (@lahtibasketball) January 10, 2025
👉🏻 Ottelun parhaan pelaajan Avery Sullivanin tilastorivi on komea 👉🏻 yli 5️⃣0️⃣ pisteen myös Lue Williams
🖤 Paljon tsemppiä Ynni loppukauteen #lahtibasketball pic.twitter.com/4CEuMh6nwN
Екипата ја предводеше Лу Вилијамс кој оствари трипл дабл со 53 поени (безмалку колку целиот противнички тим), 20 скока и 12 асистенции, а трипл дабл имаше и Карвонен, но со 17 поени, 10 скока и 14 асистенции. Еден поен помалку од Саливен постигна вториот Американец во тимот Вилијамс.
Интересно е тоа што Оулу во моментов не е најслаб тим во Втората лига на Финска, се наоѓа на осмото место од 12 екипи, но многу брзо може клубот да пропадне. Поради финансиски проблеми си заминаа најдобрите играчи, тимот игра со младинци и му се заканува банкрот кој може да биде прогласен и до крајот на овој месец. Од почетокот на декември, кога почна кризата, Оулу загуби 68 разлика од Кипина и 81 разлика од Јиваскила.


