Поранешниот плејмејкер на Партизан, Пи Џеј Доузер имаше уште една неуспешна епизода во НБА по што одлучи да се врати во европската кошарка.
Пред еден месец тој доби отказ од Минесота, а од денеска е нов член на Анадолу Ефес со кого повторно ќе игра во Евролигата. За него беше заинтересиран и Макаби, но на крајот одлучи да се пресели во Истанбул и да соработува со Лука Банки кој неодамне беше назначен за тренер на поранешниот европски шампион.
✍️ Başarılı oyuncu P.J. Dozier ile sezon sonuna kadar sözleşme imzaladık! #BenimYerimBurası pic.twitter.com/ayqgdWib08
— Anadolu Efes SK (@AnadoluEfesSK) January 12, 2025
Договорот е со важност до крајот на сезонава, а потоа ќе се размислува за евентуално негово продолжување.


