Бразилскиот репрезентативец Бруно Кабокло не може без да создава проблеми, каде и да игра.
Само минатата сезона на неславен начин си замина од Венеција и Партизан, а неволји со својата дисциплина прави и во Хапоел Тел Авив. Клубот одлучи да го казни затоа што денеска задоцнил на тимскиот состанок во пресрет на патувањето за Подгорица каде што Хапоел утре треба да се сретне со Будуќност, во рамките на Еврокупот.
Кабокло се успал и го пропуштил состанокот, па заминал директно на аеродром каде биле собрани неговите соиграчи. Засега не е познато на кој начин е казнет, односно дали се работи за суспензија или добил парична казна.
Сезонава Кабокло постигнува во просек по 10 поени на натпревар во израелското првенство и Еврокупот за околу 19 минути на теренот.


