На маката се познаваат јунаците, па така и вечерва кошаркарите на Партизан дојдоа до победа во исклучително тешки околности.
Не играа неколку важни кошаркари, но и покрај тоа белградскиот тим славеше против Асвел со 93-62 и ја оствари својата најубедлива победа во историјата на Евролигата кога станува збор за натпреварите на гостински терен. Претходниот рекорд изнесуваше „само“ 15 разлика и беше остварен пред две години кога Партизан го совлада Реал во Мадрид со 95-80.
Од двоцифрените победи се издвојуваат оние против Лотоматика Рома со 14, односно 13 разлика, како и против Асвел во 2001 и Панатинаикос во 2007 година.


