Реал Мадрид ја оствари и шестата победа во низа во Евролигата откако вечерва на домашен терен го совлада Макаби.
Дуелот во шпанската престолнина слободно може да биде прогласен за натпревар на сезоната поради сето она што се случуваше на него. Реал славеше со 116-113 и со 229 поени, тоа е најефикасен меч на кој не се играле продолженија во историјата на Евролигата. Досегашниот рекорд изнесуваше 224 поени.
Победникот беше решен во последните 30-тина секунди, а херој на Реал е босанскиот репрезентативец Џанан Муса. Кога се кршеше резултатот, тој постигна еден кош од влезе, а потоа и од слободни фрлања и го однесе својот тим до водство од 114-113. Во клучниот напад Макаби не успеа да поентира и Реал конечно можеше да ја прослави победата,
На останатите дуели од вечерашната програма, Олимпија Милано убедливо ја победи Алба, а Париз стави крај на лошата серија од пет порази, совладувајќи го Анадолу Ефес со 88-84. Драматично беше и во Виторија каде Олимпијакос славеше по продолжение со еден разлика и ја продолжи победничката серија која го остави на челната позиција на табелата.
РЕЗУЛТАТИ
Асвел – Партизан 62-93
Басконија – Олимпијакос 101-102
Олимпија Милано – Алба 100-68
Париз – Анадолу Ефес 88-84
Реал – Макаби 116-113


