Екипата на Фенербахче ѝ се одмазди на Црвена Звезда за поразот на домашен терен и ја продолжи победничката серија во Евролигата.
Турскиот тим славеше во белградската Арена со 96-91 за трет триумф во низа и враќање во борбата за првото место на табелата. Клучен сегмент за победата на Фенербахче беше одличниот шут од дистанца бидејќи тимот од Истанбул погоди дури 17 тројки од 35 обиди (48,6%), а Звезда немаше одбрана за таквата игра.
Како резултат на тоа, Фенербахче постигна дури 17 поени повеќе од својот сезонски просек во Евролигата. Многу работи околу победникот беа решени во третата четвртина во која гостите поведоа со 17 поени разлика (63-46). Во финишот Звезда се доближи на т-3 (91-94), но немаше време за целосен пресврт.
Ова е втор пораз по ред на Звезда на домашен терен, по оној од Дубаи во АБА во неделата и прв по серијата од четири победи Евролигата. Сега „црвено-белите“ се на деветтата позиција, но со ист биланс (12/9) како и шестопласираната Олимпија Милано. Во следното коло Звезда го пречекува Монако, а Фенербахче пред своите навивачи ќе се сретне со Жалгирис.


