Ергин Атаман редовно си заминува нервозен од Блауграна, па исклучок не беше ни денешниот натпревар против Барселона.
Неговиот Панатинаикос загуби со 73-82 и ја прекина победничката серија, а турскиот стручњак за тоа ги обвини судиите и нивниот критериум.
„Играме кошарка, ова не е американски фудбал. Во второто полувреме ни досудија 9 лични грешки во напад, првпат гледам вакво нешто. Потпишавме да играме кошарка, ние сме многу добра кошаркарска екипа, ако играме рагби или американски фудбал со овие судии на гостувања, сигурно ќе ни биде многу тешко да победиме“, изјави Атаман.
По денешниот пораз Панатинаикос падна на четвртото место на евролигашката табела со две победи помалку од лидерот Олимпијакос.


