Полицијата во Париз објави дека околу 600 нејзини припадници ќе бидат распоредени вечерва на натпреварот меѓу истоимениот тим и Макаби, во рамките на Евролигата.
Дуелот е прогласен како натпревар од висок ризик, со 4 на скалата од 1 до 5 и е навредено дека постои сериозна закана од терористички напади или други конфликти. Дополнителна тензија кренаа најжестоките навивачи на Париз кои објавија дека ќе го бојкотираат натпреварот и дека нема организирано да присуствуваат од револт поради израелската инвазија на Газа.
Месеци наназад, дуелите на француски и израелски клубови или репрезентации на француско тло се посебно обезбедувани. Дури 4.000 полицајци имаше на дуелот на националните фудбалски тимови на овие две земји во ноември, а инцидент се случи на кошаркарскиот меч меѓу Нантер и Хапоел Холон кога еден посетител влета на теренот со палестинско знаме. По натпреварот беа забележани неколку тепачки и голем број посетители завршија во притвор.


